За нас
Агенција Пелла е релативно нова во областа на посредување на персонал. Нуди посредување на персонал од Македонија и останати трети земји на Балканот за работа во секторот на занаетчиството и медицината. Зголемената побарувачка на пазарот за работа во Германија од областа на градежништвото и медицината, како и професионалната поткованост на нашиот тим од областа на посредувањето доведоа до лиценцирање на нашата агенција.
Агенцијата Пелла е една од малкуте посредувачки агенции во Македонија кои работат со лиценца, издадена од министерството за труд и социјална политика на Република Македонија. Агенцијата Пелла е водена од професионален тим, со искуство во повеќе проекти со германски фирми.

Соработка
Агенцијата Пелла соработува со центарот за стручна обука ЦСО, кој е одговорен за теоретските и практичните обуки според германски стандарди. Господин Дитрих Плефка е сопственик на повеќе фирми, меѓу другите и на фирмата ЦСО и е содружник на агенцијата Пелла. Тој потекнува од регионот на Фулда во Германија и оттука произлегува и соработката со една од најголемите групации на фирми од истата област, кои пак ги склучуваат договорите за работа со избраните кандидати.
Нашиот тим


Што кажуваат кандидатите за нас?
За Агенција Пелла слушнав од мој пријател и веднаш после телефонскиот разговор добив термин за да дојдам на разговор. Од самиот почеток бев пречекан со професионалност на вработените во агенцијата. После 10-тина дена добив повик од Агенцијата и ми беше соопштено дека сум избран за првата обука за монтажа и демонтажа на скеле. Секое ветување што ни го дадоа беше исполнето. Јас сум многу задоволен од организацијата на Агенција Пелла.
Огромна благодарност до Агенција Пелла, која ми овозможи да бидам дел од овој проект. Јас сум еден од неколкутемина кои веќе потпишавме договор за работа со германската компанија. Браво, продолжете така!
Како и многу други, така и јас бев скептичен и не верував во агенциите кои вршат посредување поради високите провизии за посредување и нивните празни ветувања. Агенција Пелла не ми побара ни денар за обуката и за посредувањето. Веќе го потпишав договорот за работа и заминувам за Германија.