Центарот за стручна обука ЦСО Охрид успешно организира уште една обука со нова група на кандидати за секторот монтажа и демонтажа на скеле во периодот од 22 октомври до 2 ноември 2018 под водство на обучувачот од Германија, испратен од идниот работодавач. Обуката овој пат беше интензивно практична со вежбање на разните типови на скеле во халата за обуки при ЦСО Охрид. Групата кандидати курсот го започнаа со 10 лица од кои 3 отпаднаа во текот на обуката и остатокот ја поминаа првата фаза од оваа обука. Следната фаза е 3 месечен интензивен курс за Германски јазик каде што кандидатите треба да го совладаат нивото А1. Останатите подготовки, како што се собирање на документи за работната виза и електронското пријавување за термини за изготвување на визата течат паралелно и се очекува кандидатите да започнат со работа следната пролет во 2019 година.