Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда

Центарот за стручна обука ЦСО - Охрид успешно организираше уште две обуки со кандидати за гипс картон, молери и ѕидари во периодот од 17 – 24 мај 2019, под водство на обучувачи од Германија. Обуките се реализираа во објектите на Центарот за стручна обука. Единаесет лица, од вкупно 15 успешно ја поминаа целата обука.Кандидатите од обуката за гипс картон веќе поседуваат сертификат за А1 ниво на познавање на германскиот јазик, од останатите групи некои се веќе посетуваат курс по германски јазик во просториите на ЦСО, а некои треба допрва даотпочнат со истиот. Останатите подготовки, како што се пријавување за добивање на термин и комплетирање на документите потребни за терминот во Германска амбасада течат паралелно и се очекува кандидатите да започнат со работа после добивање на работната виза.

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда

6 кандидати ги потпишаа договорите за работа со германскиот работодавач на крајот на ноември 2018 година. По интензивен курс го германски јазик во траење од 6 недели кандидатите го положија ÖSD-тестот за познавање на германскиот јазик (ниво А1).

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда

Центарот за стручна обука ЦСО Охрид успешно организира уште една обука со нова група на кандидати за секторот монтажа и демонтажа на скеле во периодот од 22 октомври до 2 ноември 2018 под водство на обучувачот од Германија, испратен од идниот работодавач. Обуката овој пат беше интензивно практична со вежбање на разните типови на скеле во халата за обуки при ЦСО Охрид. Групата кандидати курсот го започнаа со 10 лица од кои 3 отпаднаа во текот на обуката и остатокот ја поминаа првата фаза од оваа обука. Следната фаза е 3 месечен интензивен курс за Германски јазик каде што кандидатите треба да го совладаат нивото А1. Останатите подготовки, како што се собирање на документи за работната виза и електронското пријавување за термини за изготвување на визата течат паралелно и се очекува кандидатите да започнат со работа следната пролет во 2019 година.

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда

По барање на клиентот, агенцијата Пелла започна со обука за индустриски подови и санација на бетонски површини. 9 од 17 кандидати потпишаа веќе работен договор, откако ја завршија теоретската и практичната обука успешно.

Неактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвездаНеактивна ѕвезда

На 13 февруари 2018 година агенцијата Пелла започна со нова обука за индустиските сектори отстранување на материјали кои не се повеќе дозволени и секторот монтажа на врати и прозори. Кандидатите го учат германскиот јазик во просториите на ЦСО.

© Copyright 2020 Agency Pella. All Rights Reserved.