Посредување на персонал за потребите на германски работодавци во секторот на занаетчиството и медицината!
Се бараат гипсари, молери, ѕидари, столари, електричари, поставувачи на подни облоги, плочкари, професионални возачи на камиони и автобуси како и медицински персонал за работа во Германија.
Бесплатна обука
Бесплатна обука
Кандидатите се ослободени од плаќање на провизија за посредување, обуката е бесплатна
Обезбедено сместување
Обезбедено сместување
Сместувањето за време на обуката го обезбедува Агенција Пелла
Безбедност
Безбедност
За време на обуката на кандидатите им се обезбедува сигурносна опрема од страна на Агенција Пелла

Агенција Пелла е релативно нова во областа на посредување на персонал. Нуди посредување на персонал од Македонија и останати трети земји на Балканот за работа во секторот на занаетчиството и медицината. Зголемената побарувачка на пазарот за работа во Германија од областа на градежништвото и медицината, како и професионалната поткованост на нашиот тим од областа на посредувањето доведоа до лиценцирање на нашата агенција.
Зошто да нѐ одберете?
Професионален тим
Пелла располага со тим од искусни професионалци со повеќегодишно искуство во областа на посредување при вработување во различни сектори.Можност за реализација на бесплатни обуки
Тековно Пелла во соработка со центарот за стручна обука ЦСО врши селекција и обука на кандидати за работа во повеќе сектори. Во моментов активни се обуките за монтажа и демонтажа на скелиња, подни облоги, отстранување на материи кои не се веке дозволени и монтажа на градежни елементи, каде обуките ги водат врвни професионалци од Германија.Вработување во Германија
Во минатото агенцијата Пелла реализираше посредување со повеќе работодавачи на германски компании од областа на различни индустриски сектори.Огромен број на задоволни клиенти
Кандидатите не плаќаат провизии за посредување, сите обуки се бесплатни, сатниците во сите сектори се во рамките на германските закони.Програма за поддршка после вработувањето во Германија
Оваа програма е специјално направена со цел да им се пружи поддршка на нововработените лица при снаоѓањето во новата средина. Додека трае курсот ние ги запознаваме новите вработени со животот, културата и бирократијата во Германија. Кога ќе пристигнете во Германија, ќе Ве поддржиме во почетокот во соработка со вашиот нов работодавач во врска со сместувањето, разни помошни информации околу најблиските продавници, трговски центри, автобуски постојки, такси постојки, итн.

Започнаа нови обуки

Започна нова обука за поставување на подни облоги и поправка на бетонски површини
9 од 17 кандидати потпишаа веќе работен договор, откако ја завршија теоретската и практичната обука успешно.

Започна првата обука за монтажа и демонтажа на скеле
Првата обука за монтажа и демонтажа на скелиња започна на 4 декември 2017 година и по успешното завршување на истата, 13 од 22 кандидати потпишаа работен договор со германскиот работодавач. Втората обука за работа на скеле ќе започне во април 2018 година.